Лосос




Ова ке биде рецепт за мариниран лосос. Во нашите супермаркети се продава прекрасен свеж лосос, што нема потреба да се маринира, ама маринадата му дава уште поубав вкус и мирис на месото и на крај, кога го јадете, впечатокот е ..... ммммммммм.
Лососот што го маринираме може да биде и смрзнат, ама тогаш ке треба да стои малку подолго во маринадата.











За 4 лица се потребни најмалку 8 средни кременадли од свеж лосос, тоа е околу 1,2 кг лосос. 
Со оглед на цената, можеби не можеме да си го приуштиме 2-3 пати неделно, ама 2 пати во месецот да  се спреми, е многу препорачливо.



Состојки за маринадата:
- маслинов зејтин, приближно 100 мл
- соја сос, 3 супени лажици
- сол, бибер, вегета - по желба
- сок од 1 лимон
- лук 2-3 чешниња, ситно сецкан
- магдонос, количина по желба



Состојките за маринадата се мешаат, парчињата лосос се ставаат во некој стаклен сад, се поливаат со маринадата, се промешува, се поклопува и се остава во фрижидер најмалку 1 час.

Лососот се вади од маринадата и се пече на скара, на плотна или во тава. 


Овој лосос е пржен во тава, на малку масло, мешавина од маслинов и обичен зејтин.

Не му треба многу пржење, по 2-3 минути од двете страни.







Во еден мал сад се мешаат 3-4 лажици маслинов зејтин, сок од пола лимон, ситно сецкан лук и магдонос и малку сол.
Таа смеса се посипува врз готовите парчиња лосос.

Се сервира со парчиња лимон и со компир салата (по желба)









Ваш коментар: