Чоколадни палачинки





Интересна комбинација и интересен  изглед на палачинките. Лесно се прават и имаат освежителен вкус.













Потребни состојки:
за тесто
- 225 гр брашно
- 75 гр какао
- 100 гр шекер
- 400 мл млеко
- 50 гр стопен маргарин
- 2 јајца
- ванилин шекер

за фил
- 200 мл хопла
- 2 лажици шекер
- 200 гр јагоди или друго сецкано овошје
- кршено темно чоколадо

за чоколаден прелив
- 150 мл хопла
- 100 гр чоколадо за готвење



Се мешаат брашното, какаото и шекерот и во нив се додава ладно млеко. Се меша да се добие хомогена смеса во која се додаваат јајцата и растопениот маргарин.
Смесата е малку погуста од онаа за обични палачинки.






Во тава со малку масло или маргарин се печат палачинките на класичен начин. Треба да бидат малку подебели од обичните. Овие состојки се доволни за околу 12 палачинки.
Кога палачинките се готови, се мати хоплата со шекер додека не стане густа и цврста.
Овошјето се сецка на ситни парчиња.



Секоја палачинка се филува со шлагот и се посипува со сецкано овошје или чоколадо.
Се завиткуваат како ролат.
За чоколадниот прелив состојките се загреваат на тивок огин да се стопат, да се добие мазно и густо течно чоколадо.




Кога ги сервираме, ги сечеме палачинките на половина, на чинијата за сервирање се прави „подлога„ од течното чоколадо прошарано со течна слатка павлака. Се посипуваат по желба со шекер во прав или цимет и се преливаат со чоколадниот прелив.



Ваш коментар: