Fancy мусака или мусака - пита

Како здодевната и премногу "обична" мусака да ја сервирате на финтаџиски начин? Како солена торта - пита!

За солените торти зборувавме во еден од нашите први постови . Тогаш кажавме дека можете да ја направите од речиси сè, а оваа „мусака торта„ е најдобар доказ за тоа.











Купете готово лиснато тесто и со него обложете калап за торта или округло тавче. На дното ставете малку трошки од леб и компирите кои претходно малку сте ги свариле или запржиле во тава, исечени на коцки од околу 1цм (ако ставите живи компири нема да се сварат доволно бидејќи не се во директен контакт со тавчето, како во класичната мусака).
Наредете го месото кое сте го подготвиле како за класична мусака и на крајот наредете ги кришките модар патлиџан. Тестото од рабовите на тавчето малку завиткајте го кон внатрешноста и печете колку што треба додека не се испече модриот патлиџан и додека тестото не добие убава златна боја (околу 40 минути на 180-200 степени).

Околу 10 минути пред крајот прелијте врз кришките модар патлиџан едно изматено јајце во кое сте додале малку сол или вегета.

Сервирајте ја тортата-мусака на кришки како класична торта.
Ваш коментар: