Кременадли со ананас


Ова јадење прв пат ми го спреми еден Пољак, Сокол … ме одушеви и од тогаш многу често го правам. 
















Потребни состојки:




свински кременадли со мала коска или шницли
за секое парче месо по еден круг ананас од конзерва
исто толку парчиња кашкавал што се топи (за тост, на пример)
зачини по желба (сол, вегета, лук во прав или свеж, сенф….)


Кременадлите малку се чукаат, се мачкаат со сенф и се зачинуваат по желба.  Се оставаат да стојат 20-тина минути и се пржат во тава. Кога ке се испржат, се редат во плех (јас ставам хартија за печење, така не користам зејтин и плехот ми останува чист).

Врз секое парче месо се става ананас и се поклопува со парче кашкавал. Непосредно пред сервирање се ставаат во рерна, на 150⁰С додека не се стопи кашкавалот. Се служат со пире или варен зеленчук или …
 .



Ваш коментар: