Виршли во лиснато тесто




Супер брза вечера или мезе за ненајавени гости. Се прават за 20 мин со 2 работи што за вакви прилики секогаш треба да ги имате во фрижидер - пакување лиснато тесто и коктел виршли (мали) или обични виршли кои ке ги исечете на 3 парчиња.
Ах, да ... и едно јајце за премачкување :)))








Виршлите се варат вообичаено и се оставаат малку да се оладат.
Кога лиснатото тесто ке се одмрзне, се прави кора со дебелина од 2 мм и се сече на долги ленти со дебелина околу 1 цм.
Секоја виршла по должина се обвиткува со по една лента тесто, како завој.




Тестото треба да се преклопува едно врз друго за да не се расцвета при печење.

Ролните од лиснато тесто се ставаат во плех, на хартија за печење и се премачкуваат со јајце.




Се печат околу 30 мин  на 180°C или додека на добијат златно жолта боја.







Ваш коментар: