Се прикажуваат објави со етикета Главно јадење. Прикажи ги сите објави
Се прикажуваат објави со етикета Главно јадење. Прикажи ги сите објави

Лосос




Ова ке биде рецепт за мариниран лосос. Во нашите супермаркети се продава прекрасен свеж лосос, што нема потреба да се маринира, ама маринадата му дава уште поубав вкус и мирис на месото и на крај, кога го јадете, впечатокот е ..... ммммммммм.
Лососот што го маринираме може да биде и смрзнат, ама тогаш ке треба да стои малку подолго во маринадата.




Шарени лазањи


Ова не се класични лазањи, тие се прават со болоњезе сос и  бешамел. Овие лазањи се малку  "развеселени" со бои и нови вкусови.

Пилешко во лиснато тесто




Интересна комбинација на пилешки стек и лиснато тесто, погодна за ручек, вечера или ненадејни гости.
Се јаде топло и ладно









Fancy мусака или мусака - пита

Како здодевната и премногу "обична" мусака да ја сервирате на финтаџиски начин? Како солена торта - пита!

За солените торти зборувавме во еден од нашите први постови . Тогаш кажавме дека можете да ја направите од речиси сè, а оваа „мусака торта„ е најдобар доказ за тоа.








Далматинска паштицада



За далматинците паштицадата е јадење кое се спрема за многу свечени прилики и секој крај има своја верзија. И секоја домаќинка има некој детаљ по кој нејзината паштицада се разликува од другите. Тоа е јадење кое е комплицирано за спремање, ама вреди да се поминат неколку саати покрај шпорет ......
Ова е моја верзија на спремање на ДАЛМАТИНСКА ПАШТИЦАДА



Тиквички на мој начин





Обожавам тиквички во секаква варијанта. Пред некој ден немав идеја што да правам за вечера, проверив што имам во фрижидер и резултатот беше фантастичен - тиквички со прекрасен вкус, а доволно лесни да бидат вечера во овие топли денови. 





Ражњичи



Кој е македонски збор за ражњичи? Раженчиња?
Како и да е, еве една полесна варијанта на ражњичи, комбинација на месо и зеленчук. Зеленчукот освежува, му дава убав вкус на месото и го прави сочно.








Карамелизирани батачиња (Лути батаци со мед)

Имаме рецепт за лути ракчиња со мед, па кој не сака морска храна, може да направи континентална верзија - батачиња карамелизирани со мед!





 

Лути ракчиња со мед

Еве еден рецепт кој лесно  се спрема, а нема да ве остави рамнодушни. Може да се послужи како мезе, предјадење или - заедно со други морски плодови -  како главно јадење.







Пица

Нема човек што ќе рече дека не јаде пица. Некој ја обожава, некој ја јаде со задоволство, некој ја сака вака, некој онака. Главно, пицата е секогаш добра идеа!



Постои мислење дека како што ја прават пицата некои скопски пицерии – никаде на светот нема толку добра пица. Во САД мислат дека тие ја измислиле пицата (тоа го мислат и за многу други работи), а кога ќе видиш што се ставаат на неа, тогаш ти доаѓа да се замислиш.. можеби навистина тие ја измилиле...  :)




Quiche by me

Ова би требало да е некоја варијанта на Quiche Lorrainе, ttp://en.wikipedia.org/wiki/Quiche    ама не може да го носи тоа име затоа што е моја импровизација и само концептот е ист, а состојките не се...



Свинско месо во сос

Овие денови имаше многу скари, можеби некое парче ви останало ... може да се искористи и да се направи нешто многу вкусно, слично на Селско месо



Цезар салата

Се вика Цезар салата,
значи спаѓа во категоријата  салати, иако може да помине и како лесен ручек или вечера





Свинска коленица

Кога ќе се испече добро, месото се топи во уста .... и има незаборавен вкус!!!

Кој ја пробал, се одушевил!











Шкампи со палента





Оваа комбинација е добра како предјадење или кога се прави морска софра.

 
















Паста со тиквици



Некогаш сум пробала негде некоја слична паста, ми се бендисала и после дома си импровизирав и излезе многу добра. Од тогаш ја правам често, освежува и добра замена е за мрсни и месни ручеци.








Кременадли со ананас


Ова јадење прв пат ми го спреми еден Пољак, Сокол … ме одушеви и од тогаш многу често го правам.