Се прикажуваат објави со етикета Овошје. Прикажи ги сите објави
Се прикажуваат објави со етикета Овошје. Прикажи ги сите објави

Торта со јагоди

Почна сезоната на правење торти, колачи и други десерти со јагоди. Има безброј варијанти на торти и колачи со јагоди, јас лично највеке ги сакам тие што се комбинација на јагоди, крема и шлаг.












Apple Pie – Пита од јаболка



Kоја е првата слика што ви паѓа на памет кога ќе слушнете Apple Pie? Јас веднаш се потсетувам на  цртаните филмови од американска продукција: од  баба му на Пајо Паторот, преку Џивџи и Том и Џери, па се до Гарфилд.  Не знам колку има вистина во тоа дека питата од јаболка е типичен десерт за типично неделно попладне во едно типично американско семејство,  но знам дека популарноста на оваа пита е сосема оправдана.


Туфахија




Туфахија е вид на сладок десерт, по потекло од Персија. На Балканот ја донеле Турските освојувачи, а ние имаме обичај да кажеме дека тоа е босански специјалитет, затоа што најчесто таму се прави. Туфахија е колач од варени јаболки филувани со ореви.

Обично се употребува златен делишес, некоја средна големина. Оваа сорта на јаболка најдобро "го поднесува" варењето, не се распаѓа.











Крем торта со праски

Праските се идеално овошје за оваа крем торта, но сигурна сум дека резултатот ќе биде прекрасен и со вишни или некое друго овошје кое можете да го најдете замрзнато во зимскиот период.
 


 








Колач со сливи (старински)

Мајка ми порано правеше нешто слично, ама со вишњи ... секогаш се радувавме кога цела куќа мирисаше на цимет и ванила. Овој пат имав некои сливи кои беа неподносливо кисели и тврди и решив да направам колач со нив, на старински начин.






Џем од праски со цимет и ликер од бадеми


Џем или мармалад?

По некои нови пишани правила, може да се вика мармалад  само ако е од портокали, лимoни или друг вид  агруми. Од сите други овошја се прави џем. Ама тоа се некои туѓи правила, можеме и да не ги прифатиме, ионака е небитно како се вика, битно е какво е на вкус.

А ова што сега ќе ви го раскажам... не може да се раскаже!




Аранчини (кандирани кори од портокал)

Интересни за грицкање, атрактивни за гледање, мааалку поздрави од други грицки, можат да се употребат како кандирано овошје во креми и торти или за декорација или за аранжирање на чаши за коктели .... а не се скапи