Се прикажуваат објави со етикета колачи. Прикажи ги сите објави
Се прикажуваат објави со етикета колачи. Прикажи ги сите објави

Brownies


Овој пат brownies ги правев според рецептот на мојот омилен кувар и прочуен слаткар Rudolph Van Veen.

Многу се лесни за правење, а количината која излегува не е занемарлива. За калориите овој пат нема да дискутираме :)))






Чоколадни палачинки





Интересна комбинација и интересен  изглед на палачинките. Лесно се прават и имаат освежителен вкус.








Еклери




Еклерите едно време ми беа ноќна мора ... сакав да ги правам, сите сакаа да ги јадат, ама никој не знаеше дали кога ке се испечат ке имаат облик на еклер или на хокејарска плочка ... па брашното ми беше криво, слабо "пиело", па јајцата биле големи .... ама сега го најдов идеалниот рецепт - 10 пати сум правела по него, нема промашај :))





Новогодишни бисквити

Нема куќа во која за време на новогодишните и божиќните празници нема барем едно место во дневната соба во кое постојано има нешто слатко на дофат на рака.


За оние кои сакаат слатките задоволства да ги направат сами дома, следат неколку идеи за вкусни бисквити и интересни новогодишни декорации.


Ронливо-крцкаво масно тесто или италијанска pasta frolla за торти и бисквити

Pasta frolla, crostata, biscotto:  
Mалку теорија (и по некој рецепт) за една од основните смеси во италијанското слаткарство.

Не постои точен превод за паста фрола. Тоа е смеса од брашно, шеќер, маснотии и јајца, која во традиционалното италијанско слаткарство неприкосновено го држи главното место меѓу таканаречените слаткарски основи, со неброено многу изведби и варијанти.


Apple Pie – Пита од јаболка



Kоја е првата слика што ви паѓа на памет кога ќе слушнете Apple Pie? Јас веднаш се потсетувам на  цртаните филмови од американска продукција: од  баба му на Пајо Паторот, преку Џивџи и Том и Џери, па се до Гарфилд.  Не знам колку има вистина во тоа дека питата од јаболка е типичен десерт за типично неделно попладне во едно типично американско семејство,  но знам дека популарноста на оваа пита е сосема оправдана.


Туфахија




Туфахија е вид на сладок десерт, по потекло од Персија. На Балканот ја донеле Турските освојувачи, а ние имаме обичај да кажеме дека тоа е босански специјалитет, затоа што најчесто таму се прави. Туфахија е колач од варени јаболки филувани со ореви.

Обично се употребува златен делишес, некоја средна големина. Оваа сорта на јаболка најдобро "го поднесува" варењето, не се распаѓа.











Колачи со овесни снегулки и суво грозје

Екстремно вкусно колаче и најдобар другар на колачето со чоколадни парчиња. И двете ни доаѓаат од САД и се меѓу подобрите (читај: единствените) работи што ги измислиле Американците.











Колач со сливи (старински)

Мајка ми порано правеше нешто слично, ама со вишњи ... секогаш се радувавме кога цела куќа мирисаше на цимет и ванила. Овој пат имав некои сливи кои беа неподносливо кисели и тврди и решив да направам колач со нив, на старински начин.






Chocolate chip cookies - американски бисквити


Лето е, време е за сладолед, за свежа салата, овошни коктели.... Кој сака сега да пали рерна?

Ако сепак некој од вас има потреба дополнително да си го згрее домот во овие топли летни денови, еве рецепт за овие типични американски бисквити со чоколадни парчиња што толку добро се слагаат со кафе или млеко, без оглед на годишното време.

Бајадера

Бајадерата е една од најелегантните и најпрефинети посластици. А името бајадера потекнува од португалскиот јазик и значи: танчерка или по нашки - плесачица.