Пилешки увијачи




Овој пилешки увијач можеби не изгледа толку елегантно како купечките или кафанските, ама еднакво е вкусен и многу полесно се прави.








Ослич ... или ослиќ

Не сум некој голем љубител на риба ... јадам ако морам : ( ....ама треба понекогаш да се готви и риба, здрава храна е. А филети од ослич се одлични ако не сакате да се занимавате со коски и чистење на риби.




"BLT" сендвич

 
Најдобар сендвич на светот!

Сендвич со сланина, салатка и домат + јајце и кашкавал. Деца, нема да ве лажам, сендвичов има околу 3,4 милиони калории ама дефинитивно вреди да се проба.

(а не знам зошто се вика BLT )

Купчиња со модар патлиџан

Обожавам модар патлиџан, тиквички, патлиџан и секаков летен зеленчук. Уште кога ке се  наредат на купче и ке им се спојат вкусовите ..... излегува најубавата летна вечера  ( а може да биде и предјадење) ... беше неочекувано вкусно!









Колачи со овесни снегулки и суво грозје

Екстремно вкусно колаче и најдобар другар на колачето со чоколадни парчиња. И двете ни доаѓаат од САД и се меѓу подобрите (читај: единствените) работи што ги измислиле Американците.











Колач со сливи (старински)

Мајка ми порано правеше нешто слично, ама со вишњи ... секогаш се радувавме кога цела куќа мирисаше на цимет и ванила. Овој пат имав некои сливи кои беа неподносливо кисели и тврди и решив да направам колач со нив, на старински начин.