Овој пат brownies ги правев според рецептот на мојот омилен кувар и прочуен слаткар Rudolph Van Veen.
Многу се лесни за правење, а количината која излегува не е занемарлива. За калориите овој пат нема да дискутираме :)))
Интересна, декоративна, посна салата, малку невообичаена. Главна состојка се сурими стапчињата - тоа се рибји филети од посебно одбрани видови бела риба. Месото од рибата се сече на ситни парчиња и се мијат во ладна вода за да се зачуваат белковините, а месото добива облик на бела смеса, слична на паштета. Таа смеса се обликува во стапчиња и термички се обработува на пареа. Значи, сурими стапчињата не мораат да се варат пред употреба. Затоа оваа салата брзо се спрема.
Интересни, вкусни, богати со фил ... прекрасни се кога се топли, можат да се јадат и ладни ..... можат и да се замрзнат .... со едно тесто може да се направат и солени и благи ролнички ...
Ова ке биде рецепт за мариниран лосос. Во нашите супермаркети се продава прекрасен свеж лосос, што нема потреба да се маринира, ама маринадата му дава уште поубав вкус и мирис на месото и на крај, кога го јадете, впечатокот е ..... ммммммммм.
Лососот што го маринираме може да биде и смрзнат, ама тогаш ке треба да стои малку подолго во маринадата.