Нема куќа во која за време на новогодишните и божиќните празници нема барем едно место во дневната соба во кое постојано има нешто слатко на дофат на рака.
За оние кои сакаат слатките задоволства да ги направат сами дома, следат неколку идеи за вкусни бисквити и интересни новогодишни декорации.
Ронливо-крцкаво масно тесто или италијанска pasta frolla за торти и бисквити
Pasta frolla, crostata, biscotto:
Mалку теорија (и по некој рецепт) за една од основните смеси во италијанското слаткарство.
Mалку теорија (и по некој рецепт) за една од основните смеси во италијанското слаткарство.
Не постои точен превод за паста фрола. Тоа е смеса од брашно, шеќер, маснотии и јајца, која во традиционалното италијанско слаткарство неприкосновено го држи главното место меѓу таканаречените слаткарски основи, со неброено многу изведби и варијанти.
Категории:
Десерт,
Десерти,
колачи,
слаткои,
Ќошето на Деа
Apple Pie – Пита од јаболка
Kоја е првата слика што ви паѓа на памет кога ќе слушнете Apple Pie? Јас веднаш се потсетувам на цртаните филмови од американска продукција: од баба му на Пајо Паторот, преку Џивџи и Том и Џери, па се до Гарфилд. Не знам колку има вистина во тоа дека питата од јаболка е типичен десерт за типично неделно попладне во едно типично американско семејство, но знам дека популарноста на оваа пита е сосема оправдана.
Туфахија
Туфахија е вид на сладок десерт, по потекло од Персија. На Балканот ја донеле Турските освојувачи, а ние имаме обичај да кажеме дека тоа е босански специјалитет, затоа што најчесто таму се прави. Туфахија е колач од варени јаболки филувани со ореви.
Обично се употребува златен делишес, некоја средна големина. Оваа сорта на јаболка најдобро "го поднесува" варењето, не се распаѓа.
Карамелизиран кромид - Onion marmalade

Џем од кромид? Мармалад со вкус на кромид? Многу чудна комбинација, слатко-кисело-солено-лута, ама идеално одговара со месо печено на скара или ладно печење или пилешки крилца или како додаток во пица или само едноставно со некој добар кашкавал.
Далматинска паштицада
За далматинците паштицадата е јадење кое се спрема за многу свечени прилики и секој крај има своја верзија. И секоја домаќинка има некој детаљ по кој нејзината паштицада се разликува од другите. Тоа е јадење кое е комплицирано за спремање, ама вреди да се поминат неколку саати покрај шпорет ......
Ова е моја верзија на спремање на ДАЛМАТИНСКА ПАШТИЦАДА
Категории:
Главно јадење,
говедско,
комплицирано,
свечено
Претплати се на:
Објави (Atom)

